ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
ВИЕНА и БРАТИСЛАВА (автобус)

http://www.telegraph.co.uk/content/dam/Travel/Destinations/Europe/Austria/Vienna/vienna-aerial-from-stephansdom-large.jpg

13.aприл (четврток)         СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Виена во 17:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

14.aприл (петок)             ВИЕНА
Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Панорамско разгледување на градот со локален водич, започнувајки со приказната за Дунав, новиот дел на Виена, претставништвото на УНЕСКО, музеј куќата на Хунсеватер, плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург...Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта можност да се проба вистинска виенска шницла во национален ресторан.  Ноќевање.

15.aприл (сабота)            ВИЕНА - ШЕНБРУН
Појадок.
 По појадокот слободно време за индивидуална прошетка низ Виена или предлагаме факултативна посета на дворецот „Шенбрун“ со локален водич – грандиозната летна Хабзбуршка резиденција, која датира од 1700 г. Резиденција на далеку познатите Марија Терезија, Моцарт, Наполеон , кралот Франц Јосиф. Место за уживање во прекрасните паркови, Разглед на кралските одаи, ботаничките градини, фонтаната Нептун, видиковецот Глориете. Во попладневните часови можност за факултативна посета на Дунавската кула. Слободно време за индивидуални активности. Вракање во хотел. Ноќевање.


16.aприл (недела)          ВИЕНА – БРАТИСЛАВА
Појадок.
По појадокот одјавување на собите и заминување кон центарот на Виена. Слободно време за индивидуална прошетка. Во попладневните часови поаѓање за Братислава главниот град на Словачка. Несекојдневно патување меѓу двата најблиски главни града во Европа. Живописниот стар град, Михалска Порта, Стариот плоштад, прекрасниот Братиславски дворец,  лоциран на ридот од кој има прекрасен поглед на Дунав, Грашалкович палатата, Словачкиот национален театар, катедралата Св. Мартин, старе место со старото собрание, концертната сала Редута... слободно време за кафе пауза и ручек во бројните кафе-ресторани. Во попладневните часови поаѓање за Скопје, патување преку Србија.

17.aприл (понеделник)         СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.


SAVANA Vienna

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   139 €    (8.618,oo ден.)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО
 - Превоз со автобус на наведената релација
 - Сместување во хотел *** во околината на Виена, на база 2 ноќевања со појадок
 - Организиран разглед на Виена
 - Посета на Братислава
 - Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕН :
- Факултативна посета на дворецот Шенбрун (30 €)
- Факултативна посета на Дунавската кула (10 €)
- Факултативна посета на национален ресторан
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Задолжително патничко осигурување 
           
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и АСА ТУР

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

62.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА