<font size=2>
<p>
<table>
<tbody>
<tr>
<td>
<p><font size=2>АПСОЛВЕНТСКА ЕКСКУРЗИЈА !!!</font></p></td></tr></tbody></table></p></font>
  ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Уплати "online" !!!
Оnline payment with ccard / Онлајн плаќање со кредитна картичка (по про-фактура !!!)
ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ТЕБА, ЕГИНА И ПЕЛОПОНЕЗ (автобус)
 

ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА

ТЕБА, АТИНА, ЕГИНА, МАЛЕВИ, ВАСТАС...

МАНАСТИР СВ.ЛУКА

ГРОБ НА СВ.ЛУКА ХЕЛАДСКИ

МАНАСТИР СВ.НЕКТАРИЕ

 

ЦРКВА СВ.НЕКТАРИЕ ЕГИНСКИ 

МАНАСТИР МАЛЕВИ

ЦРКВА СВ.ТЕОДОРА - ВАСТАС

Поклоничко патување во чест на Свети Лука Хеладски, Свети Нектарие Егински,
Пресвета Богородица Малеви и Свата Теодора Аркаидска

28.април (петок)          СКОПЈЕ - БИТОЛА - АТИНА
Состанок на групата во 18.00 часот на паркингот пред хотелот “Holiday inn” во Скопје и заминување за Битола. Средба со останатите патници во 20.30 ч. пред спортската сала “Младост”. Продолжување на патувањето кон Грција во 21.00 часот преку граничниот премин Меџитлија-Ники. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори.

29.октомври (сабота)         АТИНА - ТЕБА - ПИРЕА - ЕГИНА
Во претпладневните часови, попатна посета на градот Теба и тамошниот манастир посветен на светителот Хосиос Лука Хеласки од X век. Околу пладне пристигнување во Атина и краток разглед на центарот на градот и неговите познати знаменитости. Можност за посета на параклисот во атинската поликлиника, каде повеќе од триесет години служел Преподобниот старец Порфирије Кавсокаливиски. Околу пладне (12:15), испловување со траект од Пиреа кон островото Егина во Сароничкиот залив. По пристигнувањето (13:30), сместување во хотел во местото Агиа Марина. Во попладневните часови, посета на манастирот посветен на Свети Нектарие Егински и присуство на вечерната богослужба. Враќање во хотел. Ноќевање.

30.октомври (недела)         ЕГИНА - КОРИНТ - МАЛЕВИ
Во утринските часови, присуство на Светата Божествена Литургија и поклонение на моштите на Свети Нектарие Егински. Разглед на целиот манастирски комплекс: гробот, неговиот дневен престој, неговите ракотворби, како и иконата на Пресвета Богородица пред која ја испеал и најубавата химна на Пресветата - “Света Дево владичице, нескверна Богородице, радујсја невесто неневесна...’' Појадување (ланч пакет) и заминување (14:15)
со траект кон Пиреа.  По пристигнувањето продолжеток на патувањето кон манастирот Малеви на Пелопонез. Во вечерните часови, пристигнување во манастирот Превета Богородица од Малеви и сместување во манастирските конаци. Ноќевање.

01.мај (понеделник)             МАЛЕВИ - ВАСТАС -  СКОПЈЕ
Наутро, присуство на утринската богослужба како и на Светата Божествена Литургија во манастирската црква. Поклонение и целивање на чудотворната икона Успение на Мајката Божја. Заминување од Малеви кон селото Вастас. Посета на тамошната “мистична” црква, посветена на Света Теодора Аркаидска. Поклонение на светото место, кое ја претставува нејзината молитва кон Господа - “Христе мој, прости им на непријателите мои, моето тело претвори го во црква, мојата коса во дрвја, а од мојата крв, да потечи река...” Во попладневните часови, патувањето  продолжува кон Македонија преку големиот мост кај Рио-Антирио, јонската магистрала и автопатот Игнатиа. Попатни застанувања и одмори, до пристигнување во Битола и во Скопје во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот со сместување:
- 1 ноќевање со појадок во хотел ** и 1 ноќевање во манастирски конаци 
6.900,00 мкд (или на 3 рати х
2.300,00 мкд)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Превоз со траект на релација: Пиреа - Егина - Пиреа
- Сместување во хотел на Егина (1НП) и во манастирските конаци во Малеви (1Н).
- Организирани посети според програмата, во придружба на духовно лице
   (теолог или вероучител)
- Групно патничко и туристичко осигурување
- Туристички придружник за време на патувањето
- Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Евентуални влезници за музеите и културно историските споменици
  (каде што е потребно)
- Неспоменати индивидуални трошоци за време на посетите, според лични потреби.

Напомени:
- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници.
- За овој аранжман важат Општите услови на патување на САВАНА и СКТМ

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

61.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА