ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
АТИНА, ПЕЛОПОНЕЗ и ЕГИНА (автобус)

Додека за многумина Грција, во себе ја крие мистиката на митологијата проткаена во сета нејзина историја, нејзиниот најпознат град - Атина, најмногу придонесува вистински да ја почуствувате. Легендата вели дека Атина го добила името во “војна” помеѓу две божества: Посејдон, богот на морето и Атина, божицата на мудроста - гордоста на Зевс. Во таа борба на докажување, првиот му подарил на градот извори на вода кои потекле од камениот Акропол и коњ кој требал да го води градот во војна, а таа - Атина, му подарила маслиново дрво, кое сè уште живее на самиот Акропол. И се разбира победила Атина со нејзината мудрост. Па сега само замислете како е да се биде на Акропол, кој ви ја дава Атина на дланка, долу старата Плака, атинската Агора, Зевсовиот Храм, Академијата... Нурнете се во улиците на Атина и живејте ја историјата... а кога тоа ќе ви се чини доволно, вратете се назад и запознајте ја модерната Атина. Уживајте во прошетките покрај Аполоновото ктајбрежје, во Пиреа, каде Атина блеска поинаку, дозволете си вкусна риба со чаша вино и уживајте во зајдисонцето. Посетете ги и пазарите, уживајте во сочното јужно овошје во зима, пред да завршите на познатата улица Ерму, во новогодишна шопинг манија! Вашиот престој секако ќе го збогатите со посета на полуостровот Пелопонез. Покрај Атинското крајбрежје, прво го посетуваме Коринт и познатиот Коринтски канал кој ги поврзува Јонското и Егејското Море, а го разделува Пелопонез од Грчкото копно. Кратката пауза на стариот мост ке ви даде можност да се воодушевувате на височината под вас. Преку мистичните планински предели продолжуваме кон Епидаурус, познат по својот амфитеатар уникатен по својата акустичност. По посетата на театарот и тамошниот музеј, продолжуваме кон Нафплион - првиот главен град на модерна Грција. Името го добил по Нафплион, синот на Посејдон. По кратката прошетка меѓу тесните и разиграни улички во градот и многубројните рибни ресторани продолжуваме кон Микена - "Градот на Златото”. Во древниот град на митскиот крал Агамемнон, ќе имате можност да ја погледнте познатата Лавовска Порта, остатоците од гробот на Агамемнон и големите ѕидини... Ноќта во Атина најубаво се доживува на Плака, во некоја од многуте Грчки таверни. Една од најстарите таверни во Атина, е сместена во срцето на Плака - најстариот дел на градот, под самиот Акропол. Тука е  вистинското место да вкусете традиционална грчка храна и да уживајте во звуците и танцот - Сиртаки. Почуствувајте го Зорба!


13.април         СКОПЈЕ - АТИНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање за Грција во 19:00 ч. Влез во Грција кај граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

14.април         АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, мастото Аеропаг и новиот Акрополски музеј. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидауални активности. Ноќевање.

15.април         АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Целодневен факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во вечерните часови. Можност за факултативна посета на грчки ресторан - таверна на Плака со музичка програма. Ноќевање.

16.април         АТИНА - ПИРЕА - ЕГИНА
Појадок. 
Во утринските часови, испловување со траект од Пиреа кон островото Егина во Сароничкиот залив. По пристигнувањето, посета и поклонение пред светите мошти во манастирот посветен на Свети Нектарие Егински. Разглед на манастирскиот комплекс: гробот, неговиот дневен престој, неговите ракотворби, како и иконата на Пресвета Богородица пред која ја испеал најубавата химна на Пресветата. Во попладневните часови враќање кон Атина. Можност за посета на црквата Св. Ѓорѓи на ридот Ликавитус, од каде се протега еден од најубавите погледи на Атина. Вечерта, чествување на големиот христијански празник Велигден пред бројните Атински цркви во стариот дел на градот – Плака. Ноќевање.

17.април         АТИНА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Околу пладне, заминување за Скопје. Патот води покрај Термопилите (споменикот на Спартанците), бањата Камена Вурла и низ клисурата Темби (црквата Агиа Параскеви). Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.


SAVANA Atina

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   150 €  (9.300,оо ден.)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автбус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи на Атина, Пиреа и Егина 
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Влезници за културно историски знаменитости
- Факултативен излет на Пелопонез (35 €)
- Факултативна вечера во таверна со уметничка програма
- Влезници за културно историските споменици
- Индивидуално патничко осигурување

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

62.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА