ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
МИЛАНО, Верона, Лаго Ди Гарда, Лугано, Комо... (автобус)

"Северниот бисер“ на Италија како го нарекуваат Милано, е современ град со бурна историја и стари градби, центар на светската мода. На прв поглед Милано изгледа како грациозен модел на писта со одлична коскена структура, екстравагантен стил и без очигледна душа. Најбогатиот и најмодерниот град во Европа кој истoвремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои најголемата готска катедрала во светот, уметничкото дело “Последната вечера“ и најпознатата оперска куќа во светот „La Scala”. Милано е главниот мотор на економијата во својата земја и домот на берзата. Преку ден може да направите одличен шопинг, додека пак во вечерните часови може да уживате во авангардната театарска сцена, фабулозната аперитив сцена или во некој од жешките клубови до раните утрински часови.

12.април  (среда)             СКОПЈЕ – ВЕРОНА 
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 11:30 часот. Поаѓање за Верона во 12:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

13.април (четврток)        ВЕРОНА – ЛАГО ДИ ГАРДА
Пристигнување во Верона околу пладне. Разглед на Верона - градот на Ромео и Јулија: разгледот започнува од плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки. Патувањето продолжува кон Езерото Гарда. Разглед на живописниот град Sirmione кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото. Градот го карактеризира старата тврдина од XIII век Scaligera, како и тесните улици, новиот дел на градот е права оаза од преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Сместување во хотел во регионот на Верона. Ноќевање.

14.април (петок)             МИЛАНО
Појадок.
Патувањето го продолжуваме кон Милано. Следи организиран разглед на Милано: тврдината Сфорцеско, “Piazza DUOMO“ – централниот плоштад на кој се наоѓа најголемата готска катедрала во светот -  DUOMO, потоа галеријата VITTORIO EMANUELLE која ги поврзува катедралата и миланската скала – една од најпрочуените оперски куќи во светот. Можност за посета на црквата Santa Maria delle Grazie...Сместување во хотел.Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

15.април (сабота)             МИЛАНО – ЛУГАНО (ШВАЈЦАРИЈА) – ЛАГО
Појадок.
Слободен ден во Милано или факултативна посета на Лугано (Швајцарското Монте Карло).Панорамски разглед на Лугано: црквите San Rocco, San Antonio, црквата San Maria di Angelo, стариот град со своите плоштади Piazza Ciochara, Pazza della Reforma, казиното, палатата Civico – Villa Cianni, големиот градски парк еден од најубавите во Швајцарија “ PARCO CIVICO “. .. Следи попатна посета на градот Комо кој е лоциран на истоименото езеро Лаго ди Комо каде многу познати холивудски ѕвезди имаат свои вили како George Clooney (Villa Oleandra), Sting, Richard Branson... место каде се снимени сцени од филмовите како ‘’Star Wars’’ ‘’Casino Royal’’ – James Bond, Ocean’s Twelve...Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Миално. Ноќевање.

16.април (недела)           ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ  
Појадок.
Поаѓање кон Венеција. Пристигнување на пристаништето “Пунта Сабиони“ во Лидо Ди Јесоло, во предпладневните часови. Превоз со брод “вапорето“ до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање со брод до Пунта Сабиони. Патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни одмори.

17.април (понеделник)         СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во попладневни часови.


View SAVANA MILANO in Larger Map


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   189 €     (11.718,оо ден.)




ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотели *** во околина на езерото Гарда и Верона на база 1 ноќевање со појадок, во Милано на база 2 ноќевања со појадок;
- Разглед на Верона, Милано и Сирмионе и Венеција
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Карти за јавен превоз
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Факултативна посета: Лугано и Комо (30 €)
- Превоз со Вапорето (15 €)
- Туристичка такса од нокевање (се плаќа во хотелите во Италијa 2-4 €)
- Задолжително патничко осигурување

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и AСА ТУР

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

62.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА