<font size=2>
<p>
<table>
<tbody>
<tr>
<td>
<p><font size=2>АПСОЛВЕНТСКА ЕКСКУРЗИЈА !!!</font></p></td></tr></tbody></table></p></font>
  ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Уплати "online" !!!
Оnline payment with ccard / Онлајн плаќање со кредитна картичка (по про-фактура !!!)
ВЕЛИГДЕН на КРФ (автобус)

 

Воопшто и не е чудно што уште од најдамнешни времиња токму во една од најубавите приказни во своето дело "Одисеја", Хомер прв ја опеал убавината на островот Крф. Како што самата раскажува... и носталгичниот Одисеј во своето патување кон родната Итака, за малку ќе го завршел своето патување токму тука. Но дали е ова доволен опис, за да се разбере мистичната привлечност на приказната - наречена Крф. Тој е мозаик на историјата од различните цивилизации и нации, од Византијци, Римјани, Млечани, Французи, Руси, Англичани па се до Италијанци и Германци во поновата историја. Веројатно сите тие влијанија и придонесле да се оформи неговата далеку позната и импозантна архитектура. Со величенствените градби, тврдини и цркви... како и со густата вегетација, кристално чистите и бистри води, преубавите песочни и тивки плажи, како и со многуте луксузните хотели Крф секогаш ќе биде, една од најатрактивните дестинации на модерниот туризам кој го нудат Јонските острови. Едно од најубавите обележувања на најголемиот христијански празник Велигден од Медитеранот е на островот Крф. Над десет илјади посетители доаѓаа на Крф со цел да се прослави. На преубавиот остров Крф, празникот над празниците Воскресение Христово е прекрасно случување кое хармонично ги обединува православната христијанска вера, паганските традиции, венецијанското наследство, многубројните поворки во присуство на филхармониски оркестар и опојниот здив на пролетта.

13.април         СКОПЈЕ - КРФ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “ Holiday Inn” во 21:30 часот. Поаѓање за Грција во 22:00 часот. Ноќно возење со попатни одмори.

14.април         КРФ
Пристигнување на пристаништето Игуменица во претпладневните часови. Превоз со траект до островот Крф. Пристигнување и сместување во хотел или апартман (според избор). Денот е Велики петок - ден на Христовото страдање. На Крф, присуството на хоровите и илјадниците странски и домашни посетители, дава посебна димензија на овој тажен настан. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар ја свири "Посмртниот марш" од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Собирот започнува на пладне. Првата поворка го почнува своето движење од црквата Пресвета Богородица во 14:00 часот попладне, за потоа и од другите цркви една по една, се' до крајот во 22:00 часот од Соборната црква. Враќање во хотел. Ноќевање.

15.април         КРФ
Појадок.
Состанок на групата и заминување кон главниот град Крф, каде што ќе се следи свеченоста. Точно во 09:00 часот, започнува првата поворка наречена Првото Воскресение. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островото. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, од прозорците на куќите почнуваат да летаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Враќање во хотел. Враќање во хотел. Вечерта посета на Керкира , каде ке можете да присуствувате на вечерната Литургија, да запалите од  вечниот оган и да уживате во спектакуларна прослава и огномет. Ноќевање.

16.aприл         КРФ
Појадок.
Разглед на островот:Организирана посета на дворецот – музеј Ахилион (некогашна резиденција на Австриската кралица Елизабета),попатна посета на местото Канони од каде имате незаборавна панорама, една од Bella Vista точките на островот... Потоа панорамски разглед на градот: стариот град, тврдината, плоштадот со шеталиштето... Разгледот продолжува со посета на Палеокастрица (една од најстарите населби на островот). Можност за попатна посета на фабриката за произвотство на слатко и ликер од познатата локлана овошка -Кум Кат. Вечерта, факултативна посета на грчка таверна со традиционална музика. Ноќевање.

17.април       КРФ - СКОПЈЕ
Појадок.
Заминување кон пристаништето и трансфер со траект до Игуменица. Патување со попатни одмори, до пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.


SAVANA Krf

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  
155 Є     (9.610,оо ден.) сместување во хотел
120 Є     (7.440,оо ден.) сместување во апартман


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Превоз со траект на релација: Игуменица - Крф
- Сместување во Ипсос, во хотел ** на база (3 НП) или во апартмани на база (3 Н) 
- Организиран панорамски разглед на Крф
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативна вечера во национален ресторан (30 €)
- Доплата за клима уред во апартманите (5 €) на ден
- Влезници за музеите, палатите и културно-историските споменици
- Индивидуално патничко осигурување

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ и САВАНА


НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

61.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА