ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
ВЕНЕЦИЈА и ВЕРОНА со ФИРЕНЦА (автобус)

Венеција, градот од соништата. Зарем некој можел да помисли дека е возможно да се живее на вода?! Венеција е најспецифичниот град на светот, град-чудо. Низ вековите била најмоќното медитеранско пристаниште, а и денес нејзиното значење и влијание воопшто не е намалено. Венеција едноставно плени со своите разобојни палати, канали, безброј мостчиња, тесни улички, мали плоштади... Трагата на вековите што изминале е впиенa во секој нејзин дел. Посетете ја Дуждевата Палата и уверете се во моќта и сјајот на владетелите на Венеција. Мостот на Воздишките е врзан за многу легенди, но вистината за него е многу поинаква од првата љубовна асоцијација... Црквата Св.Марко и огромниот истоимен плоштад се срцето на Венеција, каде што се почнува и завршува, па и волшебниот Венециски Карневал. Најголемата туристичка атракција сепак не е и најкарактеристичниот дел на градот. Симбол на Венеција, многу повеќе отколку златниот Св.Марко, e најромантичното превозно средство - гондолата. Дозволете си романтична прошетка со гондола низ живописните канали и невообичаен поглед на прекрасниот мост Rialto, кој ги поврзува шесте квартови наn Венеција, распослани на двете страни од Canal Grande... за момент застанете и запловете со мислите низ просторот и времето, можеби затскриени зад некоја раскошна венецијанска маска. Залудно е да се набројуваат имиња на уметници или морепловци, за да се долови големината на овој магичен град. Неговата големина, е самиот тој! Венеција, едноставно, мора да се доживее, а воодушевувањето гарантирано нема да изостане... Верона насекаде низ светот е асоцијација за љубов. Сагата за Шекспировите Ромео и Јулија оставила траен печат на овој град. Сепак, Верона има многу повеќе да понуди од само љубовен мит. Верона е непретенциозна, ведра, релаксирана, едноставно - пријатно изненадување. Токму во овој северно-италијански град се наоѓа втората по големина арена во Италија, после Колосеумот во Рим. Арената во Верона е импозантно здание, во кое некогаш се одржувале гладијаторски борби, а денес е седиште на најголемите спектакли. Арената е лоцирана на еден од најпознатите плоштади во градот, Piazza Bra, простран плоштад преполн со барови и ресторани. Пешачка уличка Via Mazzini е срцето на градот и негов најелегантен дел. Таа ве води од последното “крило” на градските ѕидини до Piazza Erbe. Овој живописен плоштад истовремено е центар на значајни градби и скулптури, но и популарен градски пазар. Околу тезгите со разнобојни овошја и сувенири се наоѓаат многу познати скулптури, фонтани и зданија: Мадона Верона, Кулата Ламберти, прекрасната барокна палата Palazzo Maffei... Куќата на Јулија е најголемата туристичка атракција во Верона. Според некои историчари, куќата навистина припаѓала на фамилијата Капулети и датира од XIII век. Легендата вели дека за плодност треба да ја допрете десната града на статуата на Јулија, а за верност нејзината рака... Препорачуваме прошетка покрај реката Адиџе и поглед на градот од најубавиот мост, Понте Скалиџеро. Паузата за ручек искористете ја за порција паста на Ербе и потоа капучино на Бра, со поглед на Арената. Уживајте!Фиренца, лулката на Ренесансата, е рај за љубителите на уметноста. Секое делче од градот крие уметничко или архитектонско ремек-дело: катедралата Дуомо, статуата Давид на Микеланџело, сликите на Ботичели. Овој фантастичен град, иако е седиште на еден од најзначајните музеи во светот, Galleria Uffizi, е познат како “Град – музеј на отворено”. Зашеметени од неверојатната глетка насекаде околу вас, предлагаме да се одморите со чаша тосканско црвено вино Кјанти. Подоцна, посетете ја “Вратата на Рајот”, куќата на Данте, погалете го носот на бронзеното прасе... Препорачуваме прошетка на зајдисонце покрај реката Арно и поглед кон симболот на градот, познатиот разнобоен мост Понте Векјо... И почувствувајте зошто мистичната Фиренца е најпривлечниот град за младите од целиот свет!

13.aприл (четврток)             СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Венеција во 17:00 часот. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

14.aприл (петок)                   ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во околина на Венеција, во предпладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Во попладневни часови посета на Венеција: Плоштадот и црквата Св. Марко, мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде...слободно време за индивидуални прошетки..Враќање во хотел. Ноќевање.

15.април (сабота)                 ВЕНЕЦИЈА - ФИРЕНЦА
Појадок.
Слободен ден за индивидуални прошетки во Венеција или можност за факултативна целодневна посета на Фиренца - еден од најсликовитите Италијански градови, познат и како Бисерот на ренесансата. Панорамско разгледување на градот во кој твореле големите уметници на 14 и 15 тиот век: Базиликата на Св. Крст (Santa Croce) - Фиорентинскиот Пантеон со гробовите на великаните ( Макијавели, Росини, Данте, Галилеј), палатата Гонди во која Леонардо ја наслика Мона Лиза, плоштадот Сињори (своевиден музеј на отворено со бројни скулптури, ремек дела на ренесансата, стариот мост Понте Векио и истоимената палата, Базиликата Сан Лоренцо со капелата на Медичи, крстилницата Сан Џовани...Враќање  во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.

16.април (недела)                 ВЕРОНА – ПАЛМА НОВА - СКОПЈЕ
Појадок.
Напуштање на хотелот во Венеција и заминување кон Верона - градот на Ромео и Јулија: Разгледот на Верона започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје, со попатна посета на Палма Нова – познат outlet шопинг центар, преку Словенија, Хрватска, Србија.

17.април (понеделник)        СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје на  17.април  во попладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   139 €     (8.618,оо мкд)
за резервации до 01.03.2017


SAVANA Venecija-Verona_Firenca

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел ***, двок.соба, во околината на Венеција, 2 ноќевања со појадок
- Разглед на Венеција и Верона
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со брод “Вапорето” од Пунта Сабиони – Венеција (15 €)
- Туристичка такса 1 € по лице од ден (се плаќа во хотелите)
- Факултативна посета на Фиренца со вклучен трансфер и водич (50 €)
- Влезници за музеи и културно-историски споменици
- Туристичко патничко осигурување
- Доплата за еднокреветна соба 26 €

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и АСА ТУР.


НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

62.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА